18.8 C
Скопје
13:23 - 13 март, 2026

(Видео) Триумфално враќање на Мадона: „Мислевте дека ќе умрам“

Не мислев дека ќе се извлечам, признала Мадона синоќа во Лондон на отворањето на светската турнеја Celebration.

Иако познатата американска пејачка требаше да ја започне својата светска турнеја на 15 јули, на крајот на јуни „поради сериозна бактериска инфекција“, беше сместена на интензивна нега во болница во Њујорк, и таа мораше да го одложи почетокот на концертите околу светот. Концертите беа замислени во согласност со името Celebration („Славење“), како прослава и потсетување на блескавата кариера на Мадона, една од ретките дами кои го променија музичкиот пејсаж и поп-културата. Поточно, Мадона направи револуција!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

А, синоќа, на првиот настап во лондонската арена 02, Мадона првпат јавно проговори за својата болест, признавајќи им како се чувствувала на дваесетина илјади луѓе, колку што имаше во салата:

– Не мислев дека ќе успеам, дека ќе преживеам. Дури ни моите деца не мислеа дека ќе преживеам, па се разбудив со нив кои беа околу мене. Заборавив на тие пет дена од мојот живот – или мојата смрт. Но, ангелите ме заштитија – им се доверила на обожавателите Мадона.

Таа ја откри и тајната како преживеала:

– Мислев: „Морам да бидам тука за моите деца. Морам да се извлечам за нив!“

А во склад со тие зборови, покрај дури 40 хитови од нејзината четиридецениска кариера, Мадона изведе и акустична верзија на песната на Глорија Гејнор  „I Will Survive“ (Ќе преживеам).

А кога пејачката, која на 16 август наполни 65 години, стигна до стихот „зарем мислевте дека ќе легнам и ќе умрам“, се обрати на публиката – „Па, мислевте ли?“.

Концертот, кој сите присутни го опишаа како триумф, Мадона го отворила со нумерата „Nothing Really Matters“, а почетокот на турнејата, како што пишува АП, навистина бил прослава.

Слични објави

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin
Се вчитува....