4.8 C
Скопје
15:50 - 17 декември, 2025

(Видео) Танга со лажни срамни влакна: Ким Кардашијан со нов шокантен производ од нејзиниот бренд

Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста со најпровокативниот производ на нејзиниот бренд „СКИМС“ досега.

Во вторник, на 14 октомври, 44-годишната милијардерка ја претстави „Faux Hair Micro String Thong“ – танга изработена од „мешавина на кадрава и права вештачка коса во дванаесет нијанси“, како што стои на официјалната страница на брендот.

„СКИМС“ го најави производот со рекламно видео, инспирирано од телевизиските емисии од седумдесеттите години.

„Штотуку лансирано:  Совршената грмушка! Со нашата смела нова вештачка танга со влакна, вашиот ‘тепих’ може да биде во која било боја што ќе ја посакате,“ стои во објавата.

Производот, чија цена е 32 долари, брендот го опишува како своето „најсмело парче долна облека досега“.

Реакциите на фановите, пак, се поделени. „Кој го побара ова???“,  „Дали е сè во ред со вас?“, „Јас ќе се јавам во полиција!“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и оние кои ја пофалија Кардашијан за нејзината маркетинг стратегија.

„Паметен начин да ги доведеш луѓето на твојата страница – ќе се насмеат, а потоа ќе купат нешто друго што не им треба. Генијален тим за е-трговија“, напиша еден коментатор.

Во интервју за списанието „Тајм“ во 2023 година, Кардашијан изјави дека брендот се родил од „многу ранлива точка“ во нејзиниот живот.

„Тоа е дел од мене. Го сфаќам многу лично. Почна од моето тело и мојата форма – тоа е нешто навистина интимно“, рече таа.

„СКИМС“ беше лансиран на почетокот на пандемијата и нуди широка палета нијанси и големини – од XXS до 4XL.

„Сè почна од тоа што не можев да најдам облека за обликување во боја на кожата што ќе одговара на мојот тен. Ги боев моите парчиња со кесички чај и кафе во када“, се потсети таа.

Слични објави

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin
Се вчитува....