19:43 - 2 април, 2026

(Видео) Страшни сцени по земјотресот во Еквадор: Има мртви, меѓу нив и дете

Силен земјотрес го погоди Еквадор.

Според првите, се уште непотврдени информации објавени од ЕМСЦ, јачината на земјотресот бил 6,9 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил недалеку од градот Куенца. Засега е потврдено дека загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.

Ројтерс јавува дека земјотресот се случил во морето недалеку од брегот на Еквадор, на длабочина од околу 75 километри. Милиони луѓе го почувствувале, а беше толку силен што се почувствува и во соседниот Перу.

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога врз нив се урна куќа во Мачала. Уште едно лице загина во градот Куенс, кога врз него паднал дел од куќа додека жената била во нејзиниот автомобил. Во Пеурто Боливар две згради се лизнаа во морето.

Не е издадено, за сега, предупредување за цунами.

Според првите снимки кои доаѓаат од подрачјето погодено од земјотресот, некои улици се полни со скршени делови од згради и куќи.

Илјадници луѓе се на улиците, може да се видат како бараат жртви меѓу урнатините, се слушаат труби и сирени.

 

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....