8.8 C
Скопје
22:54 - 5 октомври, 2026

(Видео) Српската пејачка шокирана: Богат шеик ѝ приредил изненадување на концертот на Цеца во Дубаи!

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во петокот приредила незаборавен спектакл во Дубаи, настапувајќи во луксузниот хотел „Рами Дрим“, во специјално реновираниот клуб „Вајс“, на само 300 метри од познатата Бурџ Калифа.

Публиката уживала во хитовите на Цеца, а особено внимание привлекол еден арапски шеик кој го резервирал централното луксузно сепаре пред бината, не прашувајќи за цената, сè со цел да ужива во настапот на музичката ѕвезда.

Меѓутоа, уште еден изненадувачки момент што го снимил српски „Телеграф“ е кога богатиот гостин ѝ подарил огромен букет бели рози на српската пејачка Марина Вишковиќ, која исто така присуствувала на настапот на Цеца. Марина, која седела во сепарето до него, не можела да го сокрие изненадувањето, таа му се заблагодарила на гостинот и потоа продолжила да ужива во настапот.

Да потсетиме, Новинарите на „Телеграф“ успеаја да ја снимат најбогатата Србинка Александра Сандра Мељниченко која беше меѓу посетителите. Сандра дошла во друштво на својата пријателка Јелена Бин Драи, а во текот на вечерта се обидела да остане во сенка, криејќи се под капа и качулка. Интересно е што и двете дами биле многу ненаметливи, повеќе уживале во разговорот отколку да се истакнуваат на подиумот за танцување.

 

Слични објави

Кеба проговори за свадбата на синот и бремената девојка: Кога се слави, нека се слави!

Еспресо

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С
Се вчитува....