10.8 C
Скопје
06:59 - 25 октомври, 2026

(Видео) Солзи врз фустанот „версаче“: Северина заплака на сцена, го поздрави синот

Хрватката одржа емотивен говор, во кој го спомна и синот Александар.

Северина Вучковиќ ја доби наградата за пејачка на годината во Хрватска, а по тој повод одржа емотивен говор на гламурозната прослава, говор при кој се расплака.

Малку изненадена, поп-ѕвездата побрза до микрофонот, а додека се заблагодаруваше, се пошегува на своја сметка.

– Не сакав да дојдам вечерва, бидејќи во последните неколку дена луѓето ме гледаат како да сум умрела, а потоа воскреснала. Ова е мојот свет, сцената е мојот свет, не е лудницата… упс, судницата мојот свет – започна Севе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

И додека преку својот емотивен говор, покрај за кариерата, зборуваше и за својата борба, борбата на жената, борбата на мајката, во еден момент го поздрави и синот Александар, кого има можност да го види само двапати неделно по новиот судски договор, односно налог.

– Сакам да му се заблагодарам на моето семејство и да го поздравам мојот син кој сега ме гледа на телевизија – изјави Хрватката со солзи во очите.

На церемонијата присуствуваше и мајката на пејачката, Ана, а трогателните зборови на нејзините ќерки ја скршија, пренесува порталот Информер.рс.

Инаку, Вучковиќ за оваа пригода избра фустан од Версаче, но и обетки од истиот бренд, а сите се согласија дека, иако е во шестата деценија, изгледа беспрекорно.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....