7.8 C
Скопје
21:48 - 30 март, 2026

(Видео) Смртоносно стампедо на хип хоп концерт во Њујорк: Двајца починати, девет повредени, полицијата води истрага 

Властите на државата Њујорк покренаа истрага за да утврдат што го предизвикало смртоносното стампедо на концертот на хип-хоп во градот Рочестер, во кој има еден загинат, а девет лица се повредени, се вели во соопштението на полицијата. Но во последните часа, според извештаите бројката на загинати се искачи на двајца.

Според очевидци, по концертот, околу 23 часот кога толпата почнала да ја напушта салата, се слушнале истрели, потврдил началникот на полицијата Дејвид Смит на прес-конференција – пренесува Ројтерс.

Како што рече, истрелите од огнено оружје предизвикале паника во толпата.

Смит истакна дека полицијата не пронашла докази за потврда на овие тврдења.

Полицијата откри дека има три тешко повредени жени, од кои едната подоцна починала во болница, а другите две се хоспитализирани во критична состојба.

Инаку, на концертот настапила популарната рап пеjaчка Гролила, а билетите веднаш биле распродадени.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....