7.8 C
Скопје
23:49 - 31 март, 2026

(Видео) Што се случува со легендарниот актер Морган Фримен: Непрепознатлив е!

Здравствената состојба на легендарниот Морган Фримен се влошува, а тоа го потврди и новото видео, кое ги загрижи неговите фанови.

Папараците го „уловиле“ во Њујорк додека излегувал од зградата и влегувал во автомобилот, а на објавеното видео може да се види дека многу ослабел, а многумина едвај го препознале.

„Тажно е да го гледам вака“, „Се чини дека е време да се збогуваме со актерите кои ни го разубавија детството“, „Кога тој ќе почине, ќе биде тоа голема загуба за светот“, се дел од коментарите на социјалните мрежи од загрижените фанови на глумецот.

@underratedsimpsons

Golden years of a silver screen icon. #morganfreeman

♬ Brooks Was Here – Thomas Newman & Hollywood Studio Symphony

Некои беа заинтересирани и зошто Фримен носи компресиска ракавица на едната рака. Имено, тој во 2008 година имал сообраќајна незгода. Тој со автомобилот „слетал“ во канал и медицинските лица морале да користат хидраулични ножици за да го ослободат од возилото. Се здобил со повеќе сериозни скршеници и поминал повеќе од четири часа на операција.

Не можел воопшто да ја движи левата рака која почнала да отекува и решил да носи компресивна ракавица за да ги ублажи симптомите и болките. Има трајно оштетување на нервите и неподнослива болка во рамото. Неговите пријатели во август годинава објавија дека изгубил повеќе од 25 килограми.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....