23.8 C
Скопје
15:30 - 29 септември, 2026

(Видео) „Што направил со лицето?“: Непрепознатливиот Сајмон Кауел од „Британија има талент“ ги загрижи обожавателите

Сајмон Кауел се појави непрепознатлив во промотивното видео за претстојната сезона на Британија има талент (Britain’s Got Talent) и предизвика загриженост кај многу фанови.

„Речиси не го препознав“, коментираат некои од нив.

Кауел очигледно направил неколку естетски операции, кои му ги променија цртите на лицето и насмевката.

Сајмон Кауел се појави на социјалните мрежи за да ја промовира новата сезона на Britain’s Got Talent, на чие шоу тој самиот е креатор и член на жирито веќе неколку години. Тој се појави за да апелира до британската јавност да се пријават на аудиција штом се отворат апликациите и да си ја тестираат својата шанса. Но, има нешто во краткиот клип објавен на социјалните мрежи што ги загрижи обожавателите. Тоа е естетскиот аспект на самиот Кауел, тотално изменет во споредба со последниот пат кога се појави на телевизија во жирито на БГТ. Неговата насмевка е поинаква,  лицето му изгледа посветло и неколку карактеристики се редизајнирани. Сето тоа, речиси со сигурност, е резултат на различни операции на кои тој беше подложен во последно време.

Многу корисници на социјалните мрежи искажаа загриженост кога го видоа Кауел „променет“ и оставија коментар под видеото во кое го молат да престане да го „менува“ своето лице со естетска хирургија.

„Боже, едвај го препознав“, напиша еден од нив, „чувствувам дека лицето му се топи“, „некој заборавил да ги исклучи филтрите на Snapchat“, „што се случи со лицето на овој кутриот?“ – коментираат обожавателите.

Слични објави

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо
Се вчитува....