21:50 - 31 октомври, 2026

(Видео) Секоја чест! Дац и Александар им посветија песна на вработените на ресторанот каде што имаа свирка

Драган Спасов – Дац и Александар Митевски веќе неколку години важат за едно од најпрепознатливите музички дуоа на домашната сцена. Сѐ започна во 2019 година со песната „Цреши охридски“, продолжи со хит-баладата „Уште ми фалиш“, а за време на пандемијата го одбележаа периодот со песната „Корона чао“. Денес, зад себе имаат повеќе од дваесет песни кои редовно се пеат на нивните настапи низ Македонија.

Во саботата, дуото настапи во познат ресторан во Кавадарци, каде што заедно со пејачката Маја Гроздановска – Панчева им приредија пријатна и емоционална музичка вечер на присутните гости. Вечерта помина во знакот на безвременските евергрини, добро расположение и непосредна комуникација со публиката.

За време на настапот, Дац и Александар направија гест кој привлече особено внимание на социјалните мрежи. Тие решија музиката да ја однесат и до вработените во кујната, кои во тој момент биле на работна смена. На видеото што го објавија на Инстаграм се гледа како Александар Митевски им приоѓа, им пее и лично ги поздравува.

„Кога тие се на смена и имаат работа, ние доаѓаме кај нив да им ја исполниме музичката желба. Поздрав до кујна и целиот колектив на ресторанот“, напишаа тие во описот на видеото.

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....