0.8 C
Скопје
05:20 - 10 март, 2026

(Видео) Сека Алексиќ со апел по смртоносниот пожар во Швајцарија: „Престанете да користите пиротехника во затворени простории“

Instagram

По трагедијата што се случи во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, каде животот го загубија 40 лица, пејачката Сека Алексиќ се огласи на социјалните мрежи со јавен апел до сопствениците на ноќни клубови.

Таа повика да престане со користењетоо пиротехника во затворени простории, нагласувајќи дека станува збор за сериозна безбедносна закана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

„Ги молам сите сопственици на клубови да престанат да користат пиротехника во затворени простории. Прво, апсолутно не е безбедна. Второ, ги гуши луѓето што се во клубот. И трето, доколку сакате пијалакот на гостите да го донесете на театрален начин, постојат LED светла кои се исто така впечатливи и никому не му пречат“, порача Алексиќ.

Таа додаде дека ваквите ефекти не се вредни по цена на човечки животи и повторно апелираше да се прекине со ваквата практика.

Во меѓувреме, градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро, изјави дека барот во кој избувнал пожарот за време на новогодишната ноќ немал спроведено безбедносни проверки или ревизии во последните пет години.

На прес-конференција, Феро истакна дека засега нема објаснување зошто контролите не биле извршени, како и дека градските власти во моментов разгледуваат повеќе точки од локалната регулатива. Дел од истрагата, меѓу другото, ќе утврдува дали противпожарните апарати биле редовно одржувани и дали објектот ги исполнувал основните безбедносни стандарди.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....