12:26 - 2 април, 2026

(Видео) Сана Марин едвај ги задржува солзите: „И јас сум човек, треба да се забавувам…“

Финската премиерка го брани своето право да се забавува и рече дека работи напорно како премиер, но треба да има и право на приватен живот.

„Јас сум човек и понекогаш ми треба радост, забава и веселост среде овие мрачни времиња“. Така, Сана Марин денес го брани своето право да се забавува и да танцува со пријателите. Зборовите на Марин беа поздравени со овации од публиката на настанот организиран од социјалдемократите во Лахти.

Премиерката призна дека последните неколку дена не и биле лесни, додавајќи дека е уверена дека Финците судат за политичарите според нивната работа, а не за нивниот приватен живот.

Најмладата шефица на влада во светот кога беше избрана во 2019 година, додаде: „Не изгубив ниту еден работен ден. Сакам да верувам дека луѓето ќе гледаат на она што го правиме на работа, а не на она што го правиме во слободното време. Никогаш не сум оставила ниту една задача недовршена. Јас учам. Но, јас си ја работам работата исто како и досега. Размислувам за Украина и си ја работам работата“.

Вчера, Сана Марин се извини за фотографијата, која првпат се појави на профилот на манекенката и инфлуенсерка Сабина Сарка, на ТикТок, на која се гледа како таа и друга жена – не Марин – како се бакнуваат и држат знак на кој пишува „Финска“ пред голите гради.

„Мислам дека фотографијата не е соодветна, се извинувам. Таква фотографија не требаше да се направи“, рече Марин вчера, додавајќи дека „ништо невообичаено“ не се случило таа вечер на забавата во резиденцијата на Кесаранта по музичкиот фестивал Руисрок на 8 јули.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....