16.8 C
Скопје
13:36 - 18 октомври, 2026

(Видео) Рита Ора како Ристана Ориќ откако се завитка со српското знаме

Пејачката Рита Ора, која бараше од компанијата „Епл“ да го вметне Косово на мапата како независна држава, повторно ги шокираше сите кога се завитка со српско знаме за време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија.

Рита го доби знамето за време на настапот, а пејачката потоа се завитка во него, го вееше и продолжи да пее. Таа беше прогласена за почесен амбасадор на Косово во 2015 година.

Под видеото на кое е со спрпско знаме имаше многу коментари, многумина прашуваа „што е ова?“, други веќе се шегуваа на сметка на пејачката и нејзиното име, а во описот на спотот пишува – Ристана Ориќ.

Подоцна се огласи и Рита Ора во врска со видеото на кое се гледа завиткана со српското знаме.

Додека Албанците во коментарите на социјалните мрежи и велат дека е „предавник“ и дека „треба да и се забрани влез во Косово“, Рита тврди дека не знаела дека и го дале српското знаме.

Како што тврди таа, видела дека тоа е знамето на Србија дури кога се симнала од сцената и дека е горда Албанка и дека никогаш нема да покаже непочитување кон својот народ.

„За време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија, еден обожавател ми подаде знаме. Поради силната светлина што одеше директно во моите очи, не можев јасно да видам чие знаме држам. Кога се симнав од сцената, видов дека тоа е српско знаме, а не унгарско знаме“, изјави Рита за локалните медиуми и додаде:

„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство.

 

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....