13:59 - 13 ноември, 2026

(Видео) „Речиси и да не пијам и не сум пробал дрога“: Владо Георгиев поискрен од кога било

​Популарниот кантавтор Владо Георгиев изјави дека мноу ретко пипе алкохол, а дрога не пробалм никогаш во животот.

Познат по својот бунтовнички дух и искреност, тој за „Бекстејџ“ отворено проговори за гласините кои со години го следат. Иако во јавноста често се создава слика за неговиот „рокенрол“ начин на живот, Георгиев стави точка на шпекулациите поврзани со пороците.

​„Луѓето мислат дека се дрогирам. Никогаш во животот не сум пробал дрога, ниту сум сакал, ниту некогаш ќе пробам. Тоа едноставно не ме интересира“, дециден е пејачот.

​Тој признава дека во помладите денови знаел да претера со алкохолот, но нагласува дека никогаш не дозволил тоа да загрози некого. Денес, како што вели, речиси и да не пие, иако секогаш се наоѓаат „душебрижници“ кои тврдат поинаку.

​„Ме нервира кога велат ‘овој пак пие’, а јас скоро и да не пијам веќе. Но, не ме допира тоа премногу. Со секој успех одат и озборувања. Луѓето се едноставно такви, полни со предрасуди и не можеш да им угодиш. Главно, со секој успех одат трачеви, знаеш? Бидејќи луѓето се едноставно такви, некои се малку пакосни и не можеш да им угодиш, тие мора нешто да мислат“, рече пејачот кој утре (24 април) ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Јане Сандански“.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....