9.8 C
Скопје
20:57 - 19 февруари, 2026

(Видео) Пријовиќ направи невиден музички спектакл во Загреб: „Ги живеам своите сништа“

Заврши првиот од петте распродадени концерти на рекордерката на Арена, Александра Пријовиќ (28). Покрај тоа што неколкупати заплака на самата сцена и ѝ се заблагодари на публиката за поддршката, пејачката направи вистински музички спектакл, пренесуваат хрватските медиуми.

Публиката од самиот почеток беше на нозе, сите едногласно ги пееја првите стихови од песната „За на касно је“ со која таа го започна концертот, а неизоставен беше и нејзиниот хит „Дам дам дам“ кога публиката беше сосема во транс.

По концертот Александра одржа прес конференција, на која откри кои се нејзините понатамошни цели и дали ги исполнила своите детски соништа.

– Моментално ги живеам моите соништа. Отсекогаш верував дека се исплати да одиш по својот пат – вели пејачката.

– Ќе се трудам да продолжам да работам како што работев и досега и да напредувам. Моментално сум пресреќна со се што се случува и продолжувам понатаму, туркам – изјавила пејачката.

Подоцна таа уште еднаш им се заблагодари на сите за поддршката и објасни дека често плаче на сцената токму затоа што е горда и среќна на својот успех и на сета поддршка што ја добива.

На вчерашниот, односно првиот концерт во загребска Арена, гости на сцената беа Аца Пејовиќ, Дејан Костиќ и Жељко Самарџиќ. А многумина се прашуваат кои гости ќе бидат на денешниот, втор концерт. Тоа изненадување пејачката не го откри на прес конференција.

 

Слични објави

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо
Се вчитува....