09:01 - 14 ноември, 2026

(Видео) Пике остана со микрофонот во раце, публиката не му даде збор: Ама не е проблемот (само) во Шакира

Шпанскиот фудбалер Жерар Пике сакаше да одржи говор во мадридски клуб по повод крајот на Кралската лига, но го прекина едногласниот крик од публиката- „Шакира, Шакира“. Видеото се појави на фан профилот на пејачката.

Но во позадината на ова негодување не стои само раскинувањето со Шакира. Според Шпанските медиуми, дел од публиката која била присутна почнала да го скандира името на неговата поранешна„во знак на протест и во знак на непочитување“ кое го покажал до сега фудбалерот. Наводно ги „понижувал луѓето кои биле во клубот“.

Пике се обиде да ја смири толпата додека го држеше микрофонот. “Па што? И што се случува?“ тој постојано повторуваше. Потоа се налутил и додаде: „Јас сум светски шампион, а ти никој не си“. И ги советуваше фановите на пејачката да се грижат за сопствената работа.

Подоцна, песната на Шакира Waka Waka беше пуштена во ноќниот клуб.

Да потсетиме дека Шакира и Пике најавија разделба во јуни минатата година. Според бројните пишувања на медиумите, фудбалерот ја изневерил својата придружничка со русокоса студентка која работела како организаторка на настани во неговата сопствена фирма во Барселона.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....