22:56 - 8 април, 2026

(ВИДЕО) ПИЈТЕ ПО МОЈОТ ПОГРЕБ И НЕ ЈА ПУШТАЈТЕ ОВАА ЖЕНА: Баба со 92 години е ѕвезда на „ТикTок“

Лилиан Дронијак (92) баба од Конектикат, која ја следат речиси четири милиони луѓе на социјалната мрежа „ТикTок“, поставила одредби за луѓето кои сакаат да присуствуваат на нејзиниот погреб.

Лилијан наведе три правила кои очекува да ги следи при нејзиното последно збогување и сними видео на „ТикTок“ за да ги објасни нејзините желби.

Првото клучно правило е дека таа сака луѓето да плачат по неа – но не премногу.

„Не правете будали од себе“, се пошегувала таа.

Втората е дека церемонијата е отворена за сите – освен за една жена по име Берта, која не е на списокот на гости.

@grandma_droniak it wont be any time soon but dont forget it #funeral #grandma #rules #dontcry #funeralservices #wake #greenscreen ♬ original sound – grandma_droniak


Објаснувајќи дека Берта не била добредојдена на последното збогување, Лилијан рече: „Не ја пуштајте да влезе“. Сепак, Лилијан не откри зошто Берта не била поканета.

Последниот услов на Лилијан за гостите е да бидат тажни на погребот, но после тоа да се опијанат!

Таа додаде дека „нејзиниот погреб нема да се случи наскоро, но дека луѓето не треба да ги заборават овие правила“.

Лилијан, која има неверојатни 3,9 милиони следбеници на „ТикTок“, снима туторијали за шминка, модни и љубовни совети на својот канал.

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....