16:27 - 9 јануари, 2026

(Видео) Ова е мигот кога Северина јавно се расплака на настапот на Јахорина: Пратечкиот вокал дотрча за помош

Северина Вучковиќ поминува низ тешки моменти по губењето на старателството над синот, но сепак мора да настапува. Еден момент посебно ја скрши!

Медиумите не се смируваат последниве денови по веста дека Северина Вучковиќ по вторпат го загуби старателството над своето дете. Пејачката на Инстаграм сподели се што ѝ се чинешеважно за случајот, а со емотивна објава и графит-слика со синот ја опиша болката низ која поминува.

Северина со синот, фото Инстаграм

Но, според присутните на концертот на Јахорина, Северина синоќа се задушувала во болка пеејќи. Пејачката која поради одлуката на Врховниот суд го загуби старателството над синот Александар, со денови не се чувствува добро. Тоа ѝ го признала на својата публика на концертот, иако се трудела да пее само весели песни. Кога на ред дошла песната „Rođeno moje“, за која неодамна изјави дека не ја пеела одамна бидејќи ја потсетила на периодот кога го изгубила синот, Северина „преснала“ во солзи.

Нејзината пратечка пејачката сфатила дека Северина не може да продолжи, па малку задоцнето дотрчала да ѝ помогне.

Инаку, Северина на настапот се појавила во бел костум и пред да запее прочитала трогателен говор за се што ѝ се случило. “Моја обврска, моја должност беше да дојдам овде. Четири дена не станав од кревет. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да се средам и да ви се поклонам”, го започнала Северина говорот и добила голема поддршка од публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо

Катарина Грујиќ откри како реагирал татко ѝ кога одлучила да вгради силикони на 20-годишна возраст: „Ме викаа клемпава, а другиот прекар ми беше даска“

Еспресо

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо
Се вчитува....