13:49 - 27 ноември, 2026

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Бари Рејнолдс се појави во видеозаписот за песната „Opalite“ наТејлор Свифт. Осумдесет и тригодишниот Рејнолдс од Капел-ле-Ферн, Кент, рекол дека неговите внуки, Мили и Франческа, биле „многу изненадени“ кога дознале дека тој ќе биде во спотот на Тејлор.

Но, и покрај тоа што Свифт е една од светските блокбастер изведувачки, тој им рекол: „Немам поим која е таа“.

Рејнолдс редовно настапува со групата „Сент Николас плејерс“ во Рингволд, а се појавил во видеото на Свифт поради неговата соработка со агенцијата за глума и модели.

Тој за Би-би-си радио Кент рекол: „Ми рекоа дека мора да бидам во Северен Лондон во 07:00 часот, а јас реков дека нема возови, па затоа испратија такси за мене.“

Рејнолдс рекол дека дознал за Тејлор Свифт дури откако прочитал за нејзината турнеја во весниците пред задачата.

Му било дозволено да се фотографира со неа на крајот од снимањето и рекол дека ја нарекол „Нифти Свифти“ (Niftie Swiftie), што се однесува на нејзината брзина кога танцува.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....