14.8 C
Скопје
10:03 - 26 март, 2026

(Видео) Официјално ги собори сите рекорди: Тој е најпопуларниот музичар во светот

Тој неодамна стана првиот изведувач кој достигна 100 милиони месечни споделувања на Спотифај. Од Гинис наведуваат дека „никој друг не е ни блиску до успехот на пејачот во стриминг“.

Имено, 33-годишниот музичар постави два светски рекорди – тој е пејачот кој има најмногу месечни слушатели на Спотифај  и првиот изведувач што некогаш достигнал 100 милиони месечни слушатели на Спотифај.

Станува збор за Викенд (The Weeknd). Патем, неговата песна од 2020 година „Blinding Lights“ е најстримуваната песна на Spotify на сите времиња, со повеќе од 3,47 милијарди стримови, пренесува CBS News.

На почетокот на 2020 година, музичарот објави спот за оваа песна, а досега е прегледан повеќе од 691 милион пати на YouTube. Само два месеци по објавувањето на песната, таа се најде во топ-100 песни на табелата на Билборд.

Неговата песна „Starboy“ е исто така една од најстримуваните песни на сите времиња на Spotify.

Слични објави

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.
Се вчитува....