3.8 C
Скопје
00:09 - 27 декември, 2024

(Видео) Нова страшна ситуација за Никола Роквиќ: „Се борев за живот“

Пејачот Никола Роквиќ со своите следбеници ја сподели страшната ситуација која му се случила вчера.

Никола Роквиќ веќе 25 дена пешачи кон Егина, Грција. На ова патување тој успеа да ја постигне целта и да собере 200 илјади евра за детска онкологија.

За време на неговото патување, тој запознал многу добри луѓе кои го поддржале неговиот аџилак. Сето ова Роквиќ го сподели на својот инстаграм-профил, меѓутоа вчера му се случила многу непријатна ситуација.

– Мир на сите! Вчерашниот ден започна многу радосно, енергично со многу движечка енергија поради постигнатата прва цел, но како што се случува кога се случуваат големи работи, понекогаш радоста не поминува без искушенија! Некаде на половина пат среде пустош, никаде немаше никој со километри, наидов на глутница кучиња скитници… На овој пат секојдневно среќавам кучиња, навикнат сум на некое лаење поради мојот ранец и стапчиња, но повеќето ме следат пријателски со километри… Вчера беше поинаку… Веќе на самиот старт видов дека не се пријателски расположени – започна Роквиќ и продолжи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

„Една женка ги покажа забите откако поминав покрај неа и почна да ме напаѓа… Другите кучиња тргнаа по неа… Се обидов да се одбранам со стаповите, но тие не се откажаа… Во еден момент помислив, ќе скокнам врз нив и ќе тргнам во контранапад, со силно дерење и ржење на нив, мислејќи дека ќе ги уплашам… Во тој момент буквално почнува борбата за живот… Нивниот гнев стануваше се поголем и поголем… – изјави Роквиќ. , и додаде:

– Ме напаѓаа од сите страни, за среќа не ми беа зад грб, па некако успеав да ги сопрам со стапови… 6,7 од нив продолжија да трчаат кон мене, ги гризеа стаповите и не се откажуваа… Женката беше најагресивна, со искривени заби, многу страшна ситуација…

– Нападот траеше неколку минути, пробав се и ништо не вредеше… Реков готово, ќе ме изедат… Во еден момент не знам од каде ми дојде, со мил глас им реков МИР, МИР, добро е, се е во ред, доста е… Смирено и понизно направив движење со телото како да ќе се наведнам и да замолам за МИР! Во секунда сите кучиња ги наведнаа главите и ушите истовремено и нападот престана… Многу страшна ситуација, фала Богу помина како што помина!! Нова научена лекција!! На гнев никогаш не се оди со гнев… Само МИР! Од тој момент ми одекнува главата… Мир на сите… И на Твојот дух…наведнете ги своите глави на Господа… Слава и фала на Бога – заклучи Роквиќ.

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....