17:41 - 6 ноември, 2026

(Видео) Нина Бадриќ воодушевена од концертот на Бруно Марс: „Ожени ме, ожени ме!

Хрватската пејачка Нина Бадриќ отпатува во Лондон за да присуствува на концертот на својот омилен музичар Бруно Марс, а по спектаклот не го криеше воодушевувањето.

Веднаш по настапот, таа се огласи на социјалните мрежи и сподели дел од атмосферата од концертот, откривајќи дека ова бил првиот концерт за кој лично купила билети во делот веднаш до сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

„Добар ден на сите, освен на оние што синоќа не беа на Бруно Марс! Ова е прв концерт за кој сум купила билети во фан-зоната, толку многу го сакам“, напишала Нина.

Таа не штедеше пофалби за настапот на светски познатиот пејач.

„Тој не одржа само концерт. Тој одржа лекција по талент, вокални способности, танцови движења, шарм и енергија. Бруно Марс, ожени ме, ожени меее! Велат дека ако го повторам тоа доволно пати, вселената ќе ме чуе“, се пошегувала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Нејзината објава предизвика бројни реакции од следбениците, а некои во коментари се пошегуваа: „Кој ќе пее на свадбата?“

Нина со хумор одговорила: „Дара!“

Инаку, пејачката неодамна имаше настап во Бања Лука, каде што доживеа мала незгода и се здоби со повреда на ногата.

„Концертот во Бања Лука беше толку добар што публиката остана без глас, а јас без зглоб. Ви благодарам за љубовта, совршеното пеење, а следниот пат доаѓам со нови хитови и резервни делови“, напиша тогаш Нина Бадриќ.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....