6.8 C
Скопје
08:51 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Нетфликс објави бесплатен документарец за украинската револуција во 2014 година, го погледнале повеќе од половина милион луѓе

Платформата Нетфликс во знак на поддршка на украинскиот народ пред руската агресија, на Јутјуб го објавија својот документарец „Winter on Fire: Ukraine’s Fight for Freedom“, за што повеќе луѓе да можат бесплатно да го гледаат.

„Winter on Fire“ беше премиерно прикажан на Нетфликс во 2015 година и беше пофален од критичарите. Тој е номиниран за Оскар и Еми, а ја освои и наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Овој филм, кој дава увид во украинската политика и подготвеноста на луѓето да се борат за своите верувања, повторно е актуелен по руската инвазија на Украина. Статистиката на Јутјуб покажува дека 98-минутниот документарец моментално има повеќе од половина милион прегледи, а објавен е на 5 март 2022 година.

Режисер на документарецот е Евгениј Афинеевски. Во соработка со Нетфликс, филмот го продуцирале Украина, САД и Обединетото Кралство.

Филмот ја прикажува полициската бруталност и кршењето на човековите права низ кои поминувале грашаните на Украина во 2014 година, а дури и филмската екипа имаше потешкотии да снима во тие околности.

Приказната следи како во 93 дена граѓанското востание познато како Мајданска револуција се претворило во серија на насилство и уништување. Протестот беше насочен против владата на претседателот Виктор Јанукович, кој одби да потпише договор за политичко здружување и слободна трговија со Европската Унија. Наместо тоа, тој се поврза со Русија и Евроазиската економска унија, и покрај проевропската ориентација на украинската влада. Судирот меѓу Беркут (специјална полиција) и демонстрантите резултираше со неколку смртни случаи.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....