10.8 C
Скопје
13:25 - 29 март, 2026

(Видео) Нема заборав на некои љубови: Владо Георгиев си ја викна бившата Наташа Беквалац на концерт, страсно запеаја на сцена

На концертот на Владо Георгиев во Белград, специјална гостинка беше Наташа Беквалац, која со своето појавување предизвика вистинска еуфорија кај публиката.

Пејачката се појави во припиена тоалета што ја истакна нејзината фигура и сценска харизма, а во еден момент таа и Георгиев разменија искрена прегратка што предизвика овации и громогласен аплауз.

Публиката во еден глас ги пееше нивните хитови, додека емоциите на сцената беа очигледни.

Заедничкиот настап покажа дека меѓу двајцата владее заемна почит и блискост, што дополнително ја засили атмосферата во салата.

 

Наташа неодамна проговори и за својот љубовен статус, откривајќи дека веќе седум и пол години е сама. Во брзите прашања и одговори беше директна – меѓу четврти брак и авантура, би избрала „врска за една вечер“.

Таа призна дека најчесто ја привлекуваат помлади мажи.

„Кога и да ми се допадне некој, обично е помлад од мене“, изјави пејачката.

Беквалац нагласи дека меѓу „силикони и природно“ секогаш ја избира природата, а попрво би била „полнa и среќнa“ отколку „слабa и несреќнa“.

Осврнувајќи се на минатото, истакна дека не жали за своите одлуки, бидејќи и најтешките искуства ѝ го донеле највредното – нејзиното дете.

„Горда сум на секој свој чекор, добро – не баш на секој, но сум горда на тоа што ми го донесе. Таа траума ми го донесе најважното на светот“, заклучи пејачката.

Слични објави

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....