Познатата фолк-пејачка Стојне Николова раскажа приказна за тоа како мажите ја гледааат на настап и рече дека таа не е парче месо.
Во гостувањето во подкастот „Ништо лично“ на „Курир“ отворено зборуваше за односот на публиката кон пејачките и начинот на кој таа ја гради својата кариера. Во разговор на тема за тоа како јавноста ги гледа пејачките, Николова рече дека ставот на околината зависи од самите нив.
Според Стојне, клучот за тоа како луѓето ќе ве доживеат лежи во сопствената самопочит и енергија. Таа вели дека во текот на целата нејзина кариера, никогаш не се почувствувала како објект.
„Сметам дека мене никогаш не ме гледале како ‘парче месо’, затоа што првенствено јас не сум се доживувала така. Не сум дала повод некој така да ме гледа“, вели пејачката, додавајќи дека говорот на телото и начинот на кој им се приоѓа на луѓето се пресудни сегменти.
„Многу е битен говорот на твоето тело, многу е битен начинот на којшто им приоѓаш на луѓето. Значи, многу сегменти се тука битни за како некој ќе те гледа. Како што кажав, на прво место ми е да имам добри песни. Не правам песни коишто се комерцијални, правам песни коишто мене првенствено ќе ми се допаднат, коишто ќе ги почувствувам и за кои ќе мислам дека ќе останат, да кажам. И ништо не брзам, мислам дека сè ќе си дојде во свое време. Пополека“, рече актрактивната фолк-пејачка која е по потекло од Струмица.
