16:31 - 4 април, 2026

(Видео) Наследникот на Емина Јаховиќ тргна по нејзините стапки: Младиот Јаман сними песна, роден е за сцената 

Пејачката Емина Јаховиќ од бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал има два сина – Јаман и Јавуз.

Наследниците на Емина пораснаа во вистински момци, а тоа можеше да се види и на нејзиниот неодамнешен концерт во Сава центарот, каде дојдоа да ѝ дадат поддршка на својата мајка.

Како што изгледа, Јаман решил да тргне по стапките на својата мајка.

Имено, на социјалните мрежи кружи снимка во која тој репува со еден пријател, а според сè што може да се чуе, се посветил на овој вид на музиката  и тоа му оди одлично.

Песната е многу динамична и лесна за паметење, а публиката реагираше позитивно. Младиот Јаман се снајде извонредно во оваа улога.

@ajmorukicegore #eminajahovic #turkey🇹🇷 #fyp #foryou #yaman @rtvpink @Emina Jahović ♬ original sound – haosnaestradi

„Јаман сега е во пубертет и му треба многу внимание и контрола. Почна да излегува, сега стана диџеј, секоја година нешто ново. Многу сум посветена и најважно ми е да бидам добра мајка,“ изјави Емина, па откри дали им ги контролира социјалните мрежи на своите синови:

„Би сакала да можам тоа да го правам. Но не можам да ги контролирам децата на тој начин. Јаман има 15 години – не можам да му го гледам телефонот, има право на приватност. Не можам да му ја хакирам шифрата и да му гледам пораки, бидејќи сега има некои девојчиња и не сакам да го читам тоа. Тоа се негови приватни работи. Единственото што можам е да разговарам со моите деца  и тоа го правам секој ден,“ заклучи Јаховиќ.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....