4.8 C
Скопје
14:10 - 21 февруари, 2026

(ВИДЕО) На шаховски турнир робот му го скршил прстот на 7-годишниот противник

Шахот е игра која бара стратешко размислување и трпение кај луѓето, додека се чини дека кај роботите предизвикува необјасниви агресивни реакции. Бизарен пример доаѓа од Русија, каде што робот кој играл шах му го скршил прстот на седумгодишен противник.

Имено, за време на шаховскиот турнир во Москва, робот кој бил направен да игра шах, наводно поради пребрз потег на седумгодишното дете, го притиснал прстот на момчето и го скршил, пишува The Guardian.

Локалните медиуми тврдат дека тоа се случило поради брзиот потег на момчето.

– Роботот му го скрши прстот на детето, ова е многу лошо – изјавил претседателот на Московската шаховска федерација, Сергеј Лазарев, додавајќи дека роботот претходно одиграл бројни партии без инциденти.

Заменик-претседателот на Руската шаховска федерација Сергеј Смагин изјави дека роботот се оддалечил откако му зел една од фигурите на момчето.

– Наместо да чека машината да го заврши потегот, момчето се обиде да одговори со брз потег – рече Смагин.

-Постојат одредени безбедносни протоколи кои се чини дека момчето ги прекршило. Кога роботот направил потег, момчето не сфатило дека треба да почека малку. Ова е исклучително редок случај, прв од ваков вид колку што знам – додаде тој.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....