На трогателниот собир што се одржа во Сараево во чест на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, емотивни моменти ја одбележаа вечерта.
Еден од највпечатливите моменти се случи кога Ханка Палдум одржа говор посветен на нејзиниот долгогодишен пријателк и колега.
View this post on Instagram
Со солзи во очите, пејачката истакна колку Халид ѝ значи, не само како музички соработник, туку и како близок пријател. За време на говорот, емоциите ја совладаа до тој степен што се чувствуваше лошо. Ханка мораше да се симне од сцената, а публиката веднаш ѝ притрча на помош.
Собирот беше дополнително обележан со силни емотивни моменти, вклучувајќи ја и реакцијата на синот на Халид, Дино Бешлиќ, кој се расплака додека се свиреа песните на неговиот татко.
Администрацијата на градот Сараево претходно објави дека, од безбедносни причини поради големиот број собрани луѓе, привремено е изгаснат пламенот на Вечниот оган.
