02:56 - 7 ноември, 2026

(Видео) Мишел Јео ѕвездата од „Сè секаде одеднаш“ на избор на Мис Австралија: Исплива видео од 1984 година

На социјалните мрежи се појави видео од 1984 година, на кое идната добитничка на „Оскар“ Мишел Јео е почестена како победничка на натпреварот за убавина Moomba во Австралија.

Видеото го објави Австралиската телевизиска и радиодифузна корпорација. На видеото се гледа дека Мишел Јео, која во 1984 година имала 22 години, ја носи победничката круна, како оди на платформата во друштво на другите учесници на натпреварот во Мелбурн и ја поздравува публиката.

Родена во Малезија, Мишел Јео студирала на Кралската академија за танц во Лондон во раните 80-ти, но се здобила со повреда на грбот и била принудена да се врати кај своето семејство. Таму, под притисок на нејзината мајка, учествувала на натпревар за убавина и се покажала како победничка, освојувајќи ја круната на „Мис на светот – Малезија“. После тоа, таа отиде на натпреварот за Мис на светот во Лондон, каде што го освои 18-то место.

Веќе по ова, Мишел Јео ја доби титулата Miss Moomba International на локалниот избор за убавина во Мелбурн.

Постојат шпекулации дека токму таму ја забележал Џеки Чен, чии родители живееле во Австралија од 1960-тите. Оваа верзија не е потврдена, меѓутоа, дебито на екранот на Мишел Јео се случи токму во партнерство со актерот од Хонг Конг – таа глуми со него во реклама за часовниците Гај Ларош.

На 95-тото доделување на Оскарите, Мишел Јео ја доби наградата за најдобра актерка за улогата во филмот „Се секаде одеднаш“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....