6.6 C
Скопје
03:59 - 1 април, 2026

(Видео) Милица Тодоровиќ во светкав градник на сцената со Емина Јаховиќ: „Само поради тебе дојдов бремена“

Бремената Милица Тодоровиќ синоќа се појави како гостинка на концертот на Емина Јаховиќ во Сава центар во Белград.

За оваа пригода, Милица избрала панталони покриени со светки, палто со ист дезен, а под него светкав градик, а нејзиниот труднички стомак бил во прв план. Според фотографиите и видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се каже дека Милица изгледа прекрасно во поодминатата бременост.

Милица и Емина ја отпеле својата дуетска песна „Лимонада“, танцувале цело време, а потоа бремената пејачка им се обратила на присутните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HYPE TV (@hypetv.rs)

– Добри вечер на сите. Емина, многу ми е мило што сум твоја гостинка вечерва. Вистина е дека ја прифатив оваа понуда само поради Емина, бидејќи инаку не сум многу репрезентативна – рекла Милица и ги насмеала присутните.

Сава центар бил преполн, а меѓу првите на концертот пристигнале Елма Елфиќ Зукорлиќ, втората сопруга на починатиот муфтија Муамер Зукориќ, модната дизајнерка Сузана Периќ, Маријана Матеус, пејачката Марина Вишковиќ, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, Мелина, како и пејачката Едита Арадиновиќ и Софија Шашиќ и бројни други.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....