6.8 C
Скопје
20:17 - 10 март, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ со нова песна од Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ: „Среќна ви нова година, а и следната… ако ја има!“

По петгодишна пауза, ги изненади сите!

Иако најави нов музички проект за есен 2023 година, регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ неочекувано објави нова песна со необичното име „Добар ви ден“.

Без разлика што во последниот период зад себе остава низа успешни концерти, Марија Шерифовиќ, покрај бројните деловни обврски, долго и темелно работи и на својот нов албум.

Публиката чекаше нов албум веќе пет години, но иако најави дека ќе биде достапен на есен 2023 на изненадување на многумина, регионалната музичка ѕвезда објави нова песна „Добар ви ден“ напишана од Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.

„Добар ви ден“ им се обраќа на сите оние луѓе, како што вели, кои живеат во свет кој наликува на џунгла. Во хаосот на неправдата, лагите, во свет каде што нема милост и разбирање за незаштитените и добрите луѓе.

– Добар ви ден за она што остана од вашиот живот, во густа мрежа на измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ви ден за вас во темнината, каде што само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Добар ви ден за нова можност да заработите се што е освоено само со лична храброст и вашиот талент. Среќна ви нова година, а и следната… Ако ја има! – заклучи музичката ѕвезда.

 

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....