10.8 C
Скопје
21:09 - 22 март, 2026

(Видео) Малиот Џеј ја запеа „Недеља“ на премиерата на филмот: Емотивна сцена која ги расплака присутните

Вчеравечер во Белград се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Недеља“, филм за животот на популарниот пејач Џеј Рамадановски.

Покрај бројните претставници на естрадата и јавниот живот, на црвениот тепих пристигнаа и Хусеин Алијевиќ Хуса и Ален Селими. Ален, кој имаше слична судбина како Џеј Рамадановски, за чиј живот е снимен споменатиот филм, го игра легендарниот пејач во неговото детство. За Селими ова е прво актерско искуство, а за неговиот талент веќе на големо се зборува.

Сепак, на задоволство и изненадување на присутниот, малиот Ален на црвениот тепих отпеа дел од песната „Недеља“, а неговиот глас предизвика бројни позитивни, но и емотивни реакции, а многумина веќе почнаа да шпекулираат за неговиот потенцијал да успее како актер но и како пејач.

Инаку, Ален Селими остави силен впечаток кај публиката со своето актерско деби во филмот „Недеља“. Иако ова му беше прво актерско искуство, неговиот талент беше повеќе од очигледен. Улогата ја прифати со крајна сериозност и посветеност, што резултираше со веродостојно и емотивно прикажување на ликот.

(Видео) Цеца и Анастасија го „украдоа шоуто“ на премиерата на филмот „Недеља“: В очи паѓа скапата бунда на Анастасија

Слични објави

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо
Се вчитува....