14.8 C
Скопје
12:05 - 10 март, 2026

(Видео) Композиторот откри зошто се објавени песните на загинатата пејачка во Дубаи: „Не сакав и не бев за тоа, не е прилика“

Андријана Лазиќ, младата пејачка и адвокатка, трагично загина на 10 јануари во Дубаи откако падна од 24 кат, а беше погребана во петокот во родното село на нејзиниот татко Небојша.

На денот на нејзиниот погреб беа објавени нејзините две песни „Убичу те“ и „Перверзно“, чии текстови ги напиша покојната Марина Туцаковиќ, а музиката и аранжманите се на Горан Ратковиќ Рале.

Рале за српските медиуми сега проговори за неговото познанство со покојната пејачка и рече дека не бил за постхумно објавување на овие две песни, туку дека по трагедијата нејзиното семејство изразило желба песните да бидат објавени за да ѝ се зачува споменот.

– Да бидам искрен, ниту сакав, ниту бев за тоа сега да ги објавам тие песни. Татко ѝ ми рече: „Знаеш, Рале, види да излезат и да ја видат светлината на денот, и сепак го направивме тоа“. Некако тоа не ми беше ни прилика, но морав да го почитувам она што го бараа нејзините родители. Тогаш дојдов до идеја на денот кога ќе биде погребана да бидат објавени – откри Ратковиќ во емисијата „Ексклузив“. Инаку, таткото на трагично загинатата Андријана по погребот пред медиуми истакна дека неговата сопруга и тој се уште се чувствуваат многу лошо, дека се на лекови и инјекции бидејќи само така можат да ја поднесат болката.

– Мислам дека Андријана падна од тераса кога се обидуваше да направи селфи. Најверојатно следел напад на астма, па паднала преку оградата. Немам друго објаснување – изјави за медиумите ожалостениот татко.

 

Слични објави

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо
Се вчитува....