8.8 C
Скопје
01:41 - 20 февруари, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша го „потопи“ Белград на вода: Кулминација на сцена со Милица Павловиќ

Јелена Карлеуша вчеравечер ѝ приреди вистинско уживање на својата публика по двата албума кои неодамна ги објави Алфа и Омега. На концертот меѓу бројната публика беа и голем број на нејзини колеги од естрадата.

Влезот на концертот беше бесплатен за сите. Настапот започна со песната „Карли бич“ со громогласни овации од публиката.

Јелена се појави во неонски зелен фустан со маска на сцената, а потоа лебдејќи во воздухот го соблече фустанот и остана само во црн садо – мазо костим.

Во текот на концертот Јелена смени неколку впечатливи и секси модни изгледи.

Во еден момент на сцената ѝ се придружи и убавата колешка Милица Павловиќ.

Јелена и Милица ја запалија сцената со жежок настап. Прво го изведоа заедничкиот хит „Машала“, а потоа Павловиќ сама ги испеа нејзините хитови „К*чкetina“, „Демантујем“ и „Проверено“.

Милица по концертот пред камерите на српски Телеграф ги сумираше впечатоците од концертот.

Фото – Никола Томиќ за телеграф.рс

– Ѝ честитам на Јелена за светскиот концерт, настап, како и да го нарече. Навистина аплаудирам како колега, како пријател. Мило ми е што сум дел од ваков спектакл. Првпат заедно ја изведовме „Машала“, кога почна таа енергијата и сите врескаа, верувајте уште сум под впечаток, уште ми се тресат колената. Многу ми е драго што едно убаво пријателство роди женски дует кој ја подига самодовербата на секоја жена и на секој маж – рече Милица.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....