25.8 C
Скопје
13:41 - 12 септември, 2026

(Видео) Јелена Ѓоковиќ во фустан од 500 евра и сандали од 50 евра го прослави 40-тиот роденден во Атина

Јелена Ѓоковиќ пред неколку дена го прослави јубилејниот 40-ти роденден во Атина, каде што живее со семејството од септември 2025 година. Како изгледало славењето може да се види на инстаграм-профилот на пејачката Индира Левак, која ја разубавила прославата со хитовите на групата „Колонија“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Portal Senzor (@senzor.rs)


Семејството Ѓоковиќ го слушало и евровизискиот хит „Бангаранга“, на кој Новак и неговата ќерка Тара Ѓоковиќ неодамна танцуваа со бугарската пејачка Дара, на која оваа песна ѝ донесе победа на неодамна одржаната Евровизија во Виена.

Освен добро познатите песни, прославата на роденденот ја обележало и модното издание на Јелена Ѓоковиќ, која во Атина носела рамни сандали, елегантни обетки и краток летен фустан со прерамки со цветен дезен, зад кој стои брендот „Charo Ruiz Ibiza“.

Станува збор за престижен шпански моден бренд, препознатлив по својата луксузна летна облека инспирирана од лежерниот и слободен дух на Ибица. Основан е во 1989 година од дизајнерот Чаро Руиз, а денес се смета за едно од најпознатите имиња во светот на луксузната летна и модна облека за одмор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hype TV HR (@hypetv.hr)


Цената на фустанот што го носела Јелена Ѓоковиќ е 58.400 динари, се наведува на веб-страницата на брендот. Новак пак, носел лежерен летен комплет и патики.

Јелена на роденденската забава дошла без впечатлива шминка и со лежерна фризура, што се покажало како практичен избор за високи температури.

Јелена Ѓоковиќ го комплетираше својот роденденски стајлинг со минималистички сандали од брендот „Les Tropeziennes“, пар „M Belarbi“, чија цена е 69,90 евра, а биле достапни и на распродажба за 48,93 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Да потсетиме, Јелена Ѓоковиќ и Новак Ѓоковиќ се заедно уште од средношколските денови. Тие се венчаа во 2014 година во Свети Стефан во Црна Гора, во истата година го добија синот Стефан, додека нивната ќерка Тара се роди во 2017 година.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо

Хороскоп за 12 септември: Биковите ќе имаат искрен разговор со партнерот, Лавовите ќе имаат можност за напредок на работното место

Еспресо
Се вчитува....