04:29 - 9 мај, 2026

(Видео) Исплива снимката од ударот кој го доби Бритни Спирс од обезбедувањето на НБА ѕвездата: „Ова ли е Америка за вас, е*ати сите!?“

Американската поп ѕвезда Бритни Спирс беше натепана од шефот на обезбедувањето на НБА.

Снимката од мобилниот телефон до која дојде TMZ во петокот покажува дека американската пејачка Бритни Спирс (41) одзади му се приближува на играчот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама (19).

„Извинете господине“, вели поп-ѕвездата неколку моменти пред телохранителот Демијан Смит да ја удри со тупаница по лицето и да и ги скрши очилата за сонце.

Во позадина се слушаат шокираните извици на луѓето кои биле со пејачката. Се гледа и сопругот на Спирс, Сем Асгари, кој беше сведок на срамниот инцидент, и кој брза кон Смит. Ѕвездата неколку секунди се обидува да се собере. Таа потоа извика со британски акцент: “Ова е Америка за вас! Е*ати сите!”

Спирс и нејзиното друштво потоа се упатиле кон ресторанот Catch во Лас Вегас. Набргу потоа, пејачката беше забележана на одделни фотографии – таа тивко седеше на својата мса, па дури и се насмевна во еден момент. Сепак, очевидец тврди дека Спирс била „крајно вознемирена“ поради конфликтот и се чини дека не верувала што се случило, била во шок.

Подоцна, обезбедувачот на Виктор Вембањама ѝ се извини на изведувачката. Тој, наводно, и пришол на масата велејќи: „Разбирате како е да се биде опкружен со обожаватели“. Рекол и дека не ја препознал во моментот на ударот.

На нејзиниот профил на Инстаграм, уметницата ја сподели својата реакција на видеото што се појави на Интернет.

„Не се чувствувам како да ме третираат како рамноправна во оваа земја. Се разбира, кога самата го гледав видеото… луѓето кои всушност ме опкружуваа кога слушнаа дека ме тепаат, направија да се чувствувам како да сум нешто што значи ништо!!!“, напиша таа. „Не го забележав тоа во тоа време… луѓето можеа да слушнат само како велам „Е*ати сите“, што беше МНОГУ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ДА ГО возвратам ударот!!!“.

Еден ден претходно, Бритни, исто така, им се заблагодари на своите фанови и на полицискиот оддел во Лас Вегас за „огромната количина на љубов и поддршка“ што ја доби.

 

Слични објави

„Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“: Членка на хрватската група „Лелек“ се бори со инфекција

Т.Ц.

Гордоста на Лидија Вукиќевиќ – Синовите Андреј и Давид се нејзиниот најголем успех

E.A.

Не ја пропуштајте: Новата колекција на „Капитол го дефинира машкиот стил оваа пролет

Еспресо

Ела Дворник со нов имиџ – инфлуенсерката ја скрати косата и стана „Парижанка“

E.A.

ФОТО | Радост во семејството Гаџа — Адријан стана татко

apostolova

(Фото) Милица Тодоровиќ се пресели во нов стан: Мајка ѝ веднаш објави фотографии

Еспресо
Се вчитува....