14:00 - 27 ноември, 2026

(Видео) Хелен Мирен импресионира во улогата на израелската премиерка Голда Меир

Познатата актерка Хелен Мирен ќе го толкува ликот на израелската премиерка Голда Меир во филмот „Голда“.

Официјалниот трејлер за оваа продукција е објавен, а филмот е заснован на вистинска приказна и следи период од 19 „напнати денови“ околу војната во Јом Кипур во 1973 година.

Хелен Мирен за оваа улога мораше да направи голема промена во својот изглед, а по објавувањето на трејлерот многумина беа импресионирани од нејзината трансформација.

Кога минатата година беше објавено дека Хелен ќе ја глуми Голда Меир, актерката се соочи со негативни критики бидејќи многумина веруваа дека Голда „треба да ја глуми Еврејка“.

Мирен подоцна изјави дека за тоа разговарала со режисерот и дека тој „инсистирал токму таа да ја игра таа улога“.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....