8.8 C
Скопје
18:36 - 19 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌАТА НА БЕБА БАЛАШЕВИЌ: За која песна го инспирираше Џоле и за кој омот на албум?

За Панонскиот Морнар се врзани многу анегдоти, некои симпатични, други инспиративни, трети трогателни. Песната „Naopaka bajka“ ја напишал во 1999-та година, кога неговата ќерка Јелена-Беба, доживеала тешка сообраќајна несреќа.

„Тоа е песната на тато која избегнувам да ја слушам. Ѝ се плашам на некој начин. Се сеќавам, кога дојде од студио, ми најави дека ќе направи песна која е поврзана со тој настан, кога имав сообраќајна несреќа. Јас бев тешко повредена и тоа, за жал, остави трага на сите нас за цел живот. Сепак, од тоа излеговме заедно како победници. Тоа е единствената песна што ја избегнувам. Ме навраќа на тој период кој изгледаше како еден тунел, без нималку светлост. За среќа, сите заедно го надминавме тоа“, изјави Јелена во интервју за „Naxi radio“.

Таа несреќа, освен песната инспира и друга креација, а тоа е тетоважа.

Иако не сака тетоважи, Балашевиќ се согласил да направи нешто што инаку никогаш не би го направил само за да ја исполни желбата на својата помала ќерка Јелена. Џоле го истетовирал глувчето Амос на левото рамо, кое подоцна ќе се најде на омотот на албумот „Naposletku“.

„Јас не сум тип што се тетовира. Но, кога Јелена доживеа тешка сообраќајна несреќа, се водеше голема битка за нејзиниот живот. Сè беше против нас и се чинеше дека никогаш повеќе нема да застане на нозе. Еднаш седевме до неа и таа рече: – Ајде да се обложиме… Кога ќе излезам од болница, треба да направиш нешто што инаку никогаш не би го направил… Се согласив, а таа рече: „Треба да ја избричиш главата и да се тетовираш“.

 

Така Балашевиќ си ја избричил главата, отишол кај пријател, кој го прашал „дали е во климакс“ и му го истетовирал глувчето Амос на левата рака. Тоа е глушец што живее во капата на Бенџамин Френклин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

„Бен е кретен, а глушецот е тој што му кажува што да прави. Всушност, глувчето измислило бифокални очила и громобран, а не Бен! Тој глушец е особено важен во моето семејство. Сите тие се мои мали Амоси, ми шепнуваат по некој збор, а потоа од тие зборови правам песни и смислувам приказни што ги кажувам подоцна на концертите“, рече кантавторот во една прилика.

ЈОВАНА БАЛАШЕВИЌ ГО ДИГНА ИНСТАГРАМ „НА НОЗЕ“: Автомобилот во чад, пожарникарите стасале на време…

(ВИДЕО)ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА БАЛАШЕВИЌ: Ќерката Јелена проговори за прошталното писмо на Панонскиот морнар

Слични објави

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо
Се вчитува....