01:59 - 12 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ДРАГАНА МИРКОВИЌ: Како изгледала пејачката на почетокот на кариерата што не сакала да ја има

Драгана Мирковиќ поминала низ голема физичка трансформација во својата кариера, која не ни сакала да ја има, но музиката ја избрала неа. Таа на самиот почеток на кариерата изгледаше сосема поинаку, а тоа го потврдуваат старите фотографии и видеа.

Taa е дел од естрадата 37 години, а нејзината кариера започнала сосема случајно. Иако сонувала да заврши факултет, да научи англиски, да најде работа и да патува, нејзиниот талент не остана незабележан. Музиката ја избрала, а се започнало кога имала само 14 години и пеела на игранка во селото.

(ВИДЕО) АЦА ЛУКАС И ДРАГАНА МИРКОВИЌ НАПРАВИЈА КРШ: Песната „растура“ низ цел Балкан, слушнете ја!

„Никогаш не сакав да пеам. Сакав да завршам факултет, да научам англиски, да се вработам, да патувам… Меѓутоа, кога на 14-годишна возраст пеев на игранка во селото, некои луѓе од Белград ме слушнаа и веднаш ме нарекоа „чудо од дете“. Во осмо одделение кај нас дојдоа луѓе од „PGP“ и ми предложија да снимам плоча. Тоа ги шокираше и моите родители и мене, мислевме дека ја згрешиле адресата. Бидејќи бев воспитано дете, глупаво ми беше да им кажам „не сакам“. Мама и тато рекоа: „Барем детето прво да го заврши основното училиште.“ Се договоривме да снимиме албум, а тато Предраг ме придружуваше на сите турнеи и настапи до мојата 18-та година“, рече пејачката во емисијата „Jutro na TV Prva“.

Доколку се споредат нејзината слика од почетокот на кариерата и оваа денес, евидентно е дека пејачката направила неколку корекции.

Погледнете ја фотографијата и споредете со видеото подолу…

ФОТО: Драгана Мирковиќ во пижами позираше пред новогодишната елка

 

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....