15:45 - 9 јануари, 2026

(Видео) Дру Баримор бесна на таблоидите за тврдењето дека ѝ посакува смрт на мајка си: „Како се осмелувате, ме малтретирате од мала!“

Популарната глумица Дру Баримор неодамна имаше интервју каде се осврна на нејзиното хаотично воспитување, од нејзиниот ексцентричен татко Џон Дру Баримор кој се туширал само со лимони и маслиново масло и нејзината мајка која ја носела на забави во тогаш популарниот клуб Студио 54.

Според Page Six, Дру Баримор рекла дека едвај чека да умре нејзината мајка. Меѓутоа, во понеделникот таа објави видео во кое се нафрли на таблоидите кои ги „извртеа“ нејзините зборови. “Како се осмелувате?! Ме мачите уште од мала”.

Кога зборувала за списанието „Њу Јорк“, таа спомнала дека „Сите нивни мајки денес ги нема, а мајка ми не. Па, јас го немам тој луксуз. Но, не можам да дочекам“, рекла Дру која сега негира дека таква реченица изустила и дека зборовите ѝ се всушност исповртени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

Таа елаборираше: „Не сакам да живеам во состојба во која посакувам некој да замине порано отколку што е предвидено за јас да можам да пораснам. Јас всушност сакам таа да биде среќна, да напредува и да биде здрава. Но, морам да е*бено да пораснам и покрај тоа што е на оваа планета“.

Меѓутоа, подоцна во интервјуто, актерката од „И-ти“ сподели каење за нејзините остри коментари.

Дру Баримор призна дека се чувствувала лошо по она што го кажала „Се осмелив да го кажам тоа, ама не се чувствував добро“, рече таа.

Но и покрај обвинувањата упатени на таблоидите дека ѝ ги превртеле зборовите, да се потсетиме дека ова не е првпат Дру да зборува неубави нешта за мајка си.

Во едно интервју, во шоуто на Хауард Стерн, ѕвездата се осврна на нејзиното воспитување со зборовите (за мјака си)- „Мислам дека создаде чудовиште и не знаеше што да прави со чудовиштето“.

 

Слични објави

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо
Се вчитува....