24.8 C
Скопје
15:20 - 4 октомври, 2026

(Видео) Домот на Карлеуша е подготвен за празниците кои Душко нема да ги помине со неа: „Не ми простува што испадна рогоња“

Новогодишното украсување на домот на Јелена Карлеуша е скапо платено.

Кога се однесува до празниците, Јелена Карлеуша е некоја што ужива во подготовката, не, не готви сарма, ниту пече колачи, но она што таа го прави – го прави подобро од сите –  а тоа е украсување на домот. Новогодишното украсување на Јелена Карлеуша и оваа година ќе ги воодушеви сите.

-Немам чувство дека се ближи Нова година, имам чувство дека е март. Тоа не ме спречи да ги украсам двете куќи за празниците (во втората живее Алфа, тоа е онаа поголемата и поубавата) и да потрошам непотребна сума пари, што ме прави нервозна сега како и секоја година. Се на се празниците доаѓаат – напиша Јелена со фотографија од елката.

Но иако домот е украсен, се уште е неизвесно дали Душко ќе ги помине празниците со Јелена, зашто како што самата вели, се уште не може да ѝ прости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Различни сме, јас на Душко му простив се што тој правеше, но Душко не е тој тип да простува. Не можеше да надмине и не може, има такви луѓе, едноставно таа медиумска врева каде тој беше претставен како рогоња малку мажи би можеле да ја надминат“ – раскажа Карлеуша во поткаст за Информер ТВ.

И покрај се, таа открива дека и понатаму го сака Душко.

„Не можам да не го сакам Душко, бидејќи тој е татко на моите деца и ќе го сакам засекогаш. Сметам дека Душко е најубавиот човек во мојот живот и татко на моите деца. Сигурно би го дала животот за него, ако некој го нападне Душко, јас би застанала пред куршумот“,  открива Јелена за српски Телеграф.

Слични објави

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

Еспресо

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Гоца Тржан искрено за семејството: „Се надевам дека наскоро ќе станам баба“

Еспресо
Се вчитува....