08:37 - 10 ноември, 2026

(Видео) „Дами и господа почитувајте си ги годините“, порача актерот Кевин Харт кој објави дека е во инвалидска количка

Дами и господа, 40 години се реални. За сите мажи и жени кои имаат 40 или повеќе години, ова не е игра. Почитувајте си ги години или возраста самата ќе ве натера да ја почитувате, вели комичарот Кевин Харт кој доживеал повреда и сега е во инвалидска количка.

Тој на „Инстаграм“ објасни што му се случило.

„Јас сум најглупавиот човек на светот“, рече Харт кој објасни дека повредата ја здобил за време на трка. Се обложил со пријателот Стеван Ридли дека може да го натрча. Ридли е една деценија помлад од Харт и поранешен играч на НФЛ.

Двајцата учествуваа во трка на 40 метри, по што Харт се повредил и моментално не може да оди.

Тој откри и дека видеото го снимил за да не ги загрижи фановите кога ќе го видат во инвалидска количка.

„Зошто сум во инвалидска количка? Па, затоа што се обидов да направам некои работи за млади“, и додаде дека тоа било најглупавото нешто што го направил во животот.

„Зошто се натпреварувам на оваа возраст? Што правам? Зошто воопшто се тркав? Најглупаво нешто досега, сега не можам да одам. Што мислев? Боже, мора да сум најглупавиот човек на светот“, рече актерот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kevin Hart (@kevinhart4real)

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо
Се вчитува....