1.8 C
Скопје
07:47 - 11 март, 2026

(Видео) Уста на уста – Џил Бајден го „стопи“ мажот на Камила Харис: Дегутантниот бакнеж ги запали социјалните мрежи

Џил Бајден топло го поздрави сопругот на потпретседателката Камала Харис со бакнеж на врвот од усната непосредно пред нејзиниот сопруг да го започне своето обраќање за состојбата на нацијата.

Тоа се случи неколку минути пред претседателот Џо Бајден да го започне своето обраќање: првата дама Џил Бајден го поздрави сопругот на потпретседателката Камала Харис со бакнеж во уста – и ги запали социјалните мрежи.

Џил Бајден излезе на сцената со аплауз, а потоа отиде кај Даг Емхоф, сопругот на потпретседателот и му подаде рака.

А потоа дојде моментот, на почетокот контроверзен, кој стана вирален.

„Двајцата си размениле бакнеж, во уста… или не баш во уста, но таму некаде?“, со неверување прашуваат корисниците на социјалните мрежи.

„Бакнеж на унијата“, иронично коментира таблоидот „Њу Јорк Пост“, кој не се сомнева дека е „бакнеж во уста“.

Такво мислење дели и „Фокс њуз“ кој објави клип под наслов: „Џил Бајден и Даглас Емхоф се бакнаа во уста“.

„Ајде, ковидот, сега навистина е минато“, „Тоа е најголемата акција што ја направи во последните неколку години“, „Одвратно“, „Можеби попладне прават нешто повеќе отколку да пијат чај“, беа дел од коментарите.

.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....