18:42 - 1 февруари, 2026

(ВИДЕО) ЦМОК, ЦМОКот и баци-раката на принц Чарлс на средба со убавата кралица Летиција: Ова се вика ЏЕНТЛМЕН, иако смешно изгледа!

Ама чуден кралски пар!

Принцот и кралицата заедно учествуваа на отворањето на шпанската галерија во Окленд, Англија. Срдечна средба, како што покажуваат фотографиите на денот: Чарлс ја пречека Летиција со галантен бакнеж во раката, а потоа двајцата разменија бакнежи во образот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Instablog (@royalinstablog)

Чарлс и Летиција, откако накратко разговараа со група деца кои вееја знамиња на Обединетото Кралство и Шпанија, ја започнаа својата културна посета. Првата станица беше замокот Окленд, чие потекло датира од 1183 година. Во замокот двајцата кралски членови се восхитуваа на сликите направени во седумнаесеттиот век од познатиот шпански сликар Франсиско де Зурбаран. Потоа отпатуваа за Окленд, каде што одржаа говор за отворањето на Шпанската галерија, во која се наоѓа најголемата колекција на Обединетото Кралство на шпански уметнички дела од 20 век.

Дружењето меѓу кралицата на Шпанија и наследникот на тронот на Англија можеби изгледа невообичаено, но тоа воопшто не е така. Двајцата имаат нитки на поврзаност уште од минатото, имено, свекорот (односно таткото на сопругот на кралицата на Шпанија), кралот Фелипе, потекнува од лозата на кралицата Викторија, прапрабаба на Елизабета Втора, а и двајцата се страстни за уметноста.

Уште во 2019 година тие учествуваа заедно на културен настан: Летиција потоа отиде во Лондон за да ја инаугурира изложбата на валенсискиот сликар Сорола во Националната галерија. Дури и тој пат приврзаниот однос меѓу двајцата кралски членови го забележаа сите. Чарлс остана „енкантадо“ пред убавата Летиција, како што пишуваа мадридските весници. Толку многу што ѝ го прости дваесетминутното доцнење („поради лондонскиот сообраќај“, како што таа побрза да објасни).

Слични објави

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо
Се вчитува....