10:29 - 13 ноември, 2026

(Видео) Цеца „збесна“ на настап: „Ме удавивте! Не мора сите да знаат дека пиете шампањ“

Најголемата ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, е позната како некоја која нема влакна на јазикот, а особено е строга кога нешто и пречи.

Неодамна популарната пејачка одржа концерт во странство, поточно во Штутгарт. Таму решила да реагира поради однесувањето на еден од присутните гости. Познато е дека ѝ пречи чадот и дека дури и на нејзините концерти не ѝ се допаѓа присуството на специјални ефекти кои вклучуваат чад.

А пред неколку дена се изнервирала бидејќи на гости во дискотеката заедно со шампањот им донеле ефектни прскалки.

Цеца дури накратко и го прекинала настапот, и ги потсетила гостите дека можат да уживаат без сите други да дознаат.

– Пијте шампањ, но без овие прскалки. Ме удавивте. Може да пиете шампањ и без да светка, ве молам – рече Цеца и доби овации, а потоа продолжила со настапот.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....