7.8 C
Скопје
01:50 - 24 март, 2026

(Видео) На концертите на Цеца нема место за политика – пее во Бургас нагрната со бугарското знаме

Најголемата балканска звезда Цеца Ражнатовиќ минатата недела одржа концерт во Бугарија.

Таа е омилена пејачка кај источниот сосед па сите нејзини настапи се преполни.

На концертот во Бургас таа во еден момент бугарското знаме го искористи како наметка.

Ова издание на Цеца, доаѓа по неодамнешните политички превирања, но во музиката нема место за политика.

Сепак, да потсетиме, неодамна српскиот министер Ивица Дачиќ изјави дека „Бугарија не ги признава националните малцинства, но за сметка на тоа постојано се буни за лошата положба на Бугарите во Србија”.

„Кога ние ќе ги спомнеме Србите во Бугарија ни велат „нема Срби во Бугарија“. Ние сега треба да кажеме нема Бугари во Србија. Тогаш нема да има проблеми со бугарското малцинство”, изјави српскиот министер.

Бугарските политичари постојано се повикуваат на бугарскиот Устав, во кој не се споменуваат национални малцинства, и тврдат дека поради тоа во Бугарија се почитуваат индивидуални, а не групни права и одбиваат да разговараат за правата на националните малцинства.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....