20:36 - 31 октомври, 2026

(Видео) Цаци од Сител раскажа лична приказна за сопругот, ова им се случува дома

Новинарката Славица Арсова-Цаци раскажа лична приказна за својот сопруг и колега Александар Спасовски-Сарма.

Во поткастот „Смисла“, новинарката од телевизија Сител откри дека за готвењето дома е задолжен сопругот.

„Сопругот на своја волја ја има прифатено улогата да ја подготвува храната за сите. Голем поздрав и благодарност за обезбедувачот на храна, кој навистина ја прави со љубов и со талент. Е сега, можам јас лесно да кажам: ‘Зошто не помагаш со математика?’ Значи, треба да препознаеме. Ова го дадов како пример, има вакви милион работи кои, согласно нашите капацитети, се поделиле. Согласно тоа што можеме да дадеме. Некогаш треба така да го прошириме погледот и да видиме дека и некој друг прави нешто. Затоа што товарот, измореноста и стресот некогаш прават да се чувствуваме дека сме само ние, дека сè е на наш грб“, откри Арсова.

Во 2012 година, Александар Спасовски-Сарма на вестите на Сител јавно ја побара за жена тогашната девојка и колешка Славица Арсова. Спасовски тогаш се јави во живо за да ја каже временската прогноза, а таа ги водеше вестите, кога ја праша дали ќе се омажи за него.

„Не знаеја многу луѓе. Знаеше само дел од продуцентскиот тим и техничарите кои ги реализираа вестите. На снимателот што го снимаше јавувањето на терен му кажав кога се поставивме за да го реализираме вклучувањето.

Ако не се смета помошта што ја добив од човекот кој работеше во златарницата каде што го купив прстенот, може да се каже дека го избрав сам. А изгледа и го погодив. Барем така вели Славица.

Некое време ја чекав првата можност за јавување во живо и се подготвував само малку повеќе од вообичаеното. Тоа што се погодија вестите на Василица беше случајно“, изјави Спасовски во тоа време за Интервјуа.мк.

Слични објави

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.
Се вчитува....