17:13 - 8 ноември, 2026

(Видео) Бон Џови спасил жена од раб на мостот во Нешвил: Со разговор ја убедил да се откаже од скокот

Во вторникот, легендарниот Џон Бон Џови беше сведок на неверојатни сцени за време на снимањето на спотот во Нешвил. Американскиот музичар ѝ помогнал на жена која се качила на мост и стоела на работ, пишува NBC News.

Видеата ги сподели локалната полиција, а на нив се гледа како музичарот ѝ приоѓа на жената која стоела на работ. По неколку минути разговор, жената се префрлила на побезбедната страна на мостот и го прегрнала Џови.

Тој бил придружуван од неколку други луѓе кои разговарале со неа.

„Му благодариме на Џон Бов Џови и на неговиот тим што ѝ помогнаа на жената на мостот. Бон Џови, заедно со останатите, ја убеди да слезе од работ на мостот кој се наоѓа над реката Кемберланд и да се врати на сигурно“ – извести полицијата.

Инаку, музичарот токму на тој мост снимал спот, кога се случил инцидентот со жената.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....