14:11 - 3 април, 2026

(ВИДЕО) Берлускони и 32 години помладата Марта си дадоа брачни заведи, децата на поранешниот премиер не се воодушевени

Во историската вила Геренто, лоцирана во градот Лесмо, северно од Милано, 85-годишниот поранешен италијански премиер даде симболични брачни завети со 32-годишната Марта Фасино.

Во јавноста се појавија снимки и фотографии од прославата на љубовта на 32-годишната Марта Фасина и 85-годишниот Силвио Берлускони. Иако од тоа, особено поради белиот фустан кој личи на венчаницата и тортата што ја сечеа, можеше да се заклучи дека станува збор за венчавка, сепак не е така.

Парот се уште не е официјално венчан поради семеен спор околу наследството. Според италијанските медиуми, петте возрасни деца на Берлускони, наводно, се огорчени од идејата и намерата на нивниот татко да се ожени со атрактивната Марта, со што и таа би добила „дел од тортата“ од 5 милијарди фунти. Тоа е сумата која се шпекулира дека е во сопственост на поранешниот италијански премиер.

Токму поради тоа, парот се одлучил за симболична венчавка со која ја прославиле љубовта, но не ја озакониле врската во официјалната заедница.

Марта Фасина е последната партнерка на Берлускони откако тој ја прекина врската со Франческа Паскале во 2020 година, која, иако 34 години помлада од него, едноставно станала „престара“ за берлускони. Атрактивната Марта дипломирала книжевност на Универзитетот „Сапиенца“ во Рим, а на Инстаграм ја следат околу 16.000 луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashion Cricket (@fashioncricket)

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....