3.8 C
Скопје
00:13 - 21 декември, 2024

(Видео) Андреа Бочели го разнежни Белград, а ова е неговата животна приказна

Пред 20-на  години, една мелодија која ја пееше овој прекрасен тенор, се слушна на сите страни на светот. Неговиот начин на пеење и карактеристичен глас често беа на нишан на критичарите, но публиката во него препозна еден од најомилените интерпретатори на класиката во денешно време.

Андреа Бочели е роден на 22 септември 1958., на семејната фарма во малото место Лајатико во Тоскана, во семејство кое се занимавало со продажба на машини за земјоделство и производство на вино. Братот Алберто и денес живее во оваа семејна куќа.

Свири на најмалку шест инструменти

Уште како момче, Андреа покажувал голем интерес за музиката, па со шест години почнал да зема часови по клавир. Подоцна совладал уште неколку инструменти – флејта, саксофон, тромбон, харфа, гитара и тапани. Покрај свирењето, времето го минувал и пеејќи, па така гласот стана најомилениот инструмент на Андреа. Веќе на таа возраст почна да се формира како „модерен но и старомоден тенор“, како што вели самиот за себе.

На прв натрпревар се пријавил на 12 години, во 1970, победувајќи со изведба на песната „О соле мио“. Истовремено, после годините на проблеми со видот и дијагностицираниот глауком уште од раѓањето, по една незгода во тек на фудбалски натрпевар, тотално го загубил видот.

Губење на видот

Губењето на видот нема да го спречи во школувањето ниту во желбата да се занимава со музика. По завршување на средното училиште, во 1980., студира право на Универзитетот во Пиза. Истовремено зема и часови по соло пеење. За да ги плаќа часовите, почнал да настапува навечер во баровите. По завршување на студиите, една година работи како адвокат, каде ја запознава и својата прва жена со која добива два сина. После 15 години брак, се разведува и по втор пат се жени со Вероника Берти, со која доби ќерка.

Модерна бајка

Модерната бајка на Бочели почнува на денот кога е откриен од Катарина Касели, која по повод една аудиција на пејачот Цукеро, испратила снимка со гласот на Бочели.  Кога Павароти чул како пее Бочели, го убедил Цукеро да го ангажира Бочели, иако Цукеро успеа со Павароти да го сними тој дует кој набрзо станува светски хит. На европската турнеја Цукеро настапува во дует со Бочели, а Бочели добива и простор за соло настап. Во декември, истата година, Бочели учествува на Сан Ремо и добива највисоки оцени кои некогаш се дадени во класата на дебитанти. Славата почнува да му расте со вртоглава брзина. Набрзо дебитира како оперски пејач во „Магбет”, потоа следуваат „Кармен”, „Боеми” и многу други опери. Композицијата со која се прослави на Сан Ремо „Кон те партиро“ станува негов заштитен знак, а со дуетската верзија со Сара Брајтман, „Тime To Say Goodbye”,станува апсолутно светска ѕвезда. Оваа мелодија може да се чуе низ целиот свет, на многу јазици, а често ја изведуваат и талентите на разни натрпевари .

Публиката го сака, ги препознава неговите чувства кои ги внесува во пеењето и комплетниот настап. За својата 17 -годишна кариера има продадено над 75 милиони албуми. Пред 20-на години имаше чест една од плажите на Јесоло да се нарече по негово име. Без оглед на тоа што критиката не е секогаш блага кон него, тој со искреноста која ја внесува во своето пеење, лесно доаѓа до срцата на обожавателите. А како што еднаш рече Сент Егзипери, „човекот само со срцето добро гледа“.

Љубовен живот

Андреа (денес 63 годишен) ја пронајде својата прва љубов Енрика Ценсати во 1987 година. Двојката се венча во Католичката црква во 1992 година, а сопругата на Бочели роди два сина. За жал, поради постојаното патување на нејзиниот сопруг во 2002 година, бракот се распадна на иницијатива на Енрика.

Втората сопруга на тенорот е Вероника Берти, која е дури 26 години помалда од него. Со неа ја има ќерката Вирџинија.

Вучиќ го одликува Бочели

Пред концертот во Белград, претседателот на Србија Александар Вучиќ му додели на тенорот златен медал за заслуги.

Гостинка на бината пред настапот на Бочели беше српската пејачка Јелена Томашевиќ.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....