10.8 C
Скопје
20:16 - 24 март, 2026

(Видео) Александра Радовиќ ја „поткачи“ Цеца: Настана молк во студиото!

По изјавата дека „не знае која е Тина Ивановиќ“, пејачката Александра Радовиќ повторно се најде во центарот на вниманието, откако според коментарите на социјалните мрежи, особено на мрежата Икс, ја „поткачила“ Цеца Ражнатовиќ.

За време на гостување во емисијата на Цеца, според снимката што се споделува на интернет, Александра наводно не можела да се сети дали нејзината колешка од сцената била присутна во периодот кога владеела еуфорија околу нејзиниот хит „Као со у мору“.

– „Као со у мору“… Се сеќаваш ли на таа еуфорија што започна околу песната? – ја прашала Цеца.

– Ти беше тогаш тука, нели? – возвратила Александра со прашање, алудирајќи, според коментарите што кружат на мрежите, на апсењето на Цеца во тој период.

– Тоа беше 2002 година – кратко одговорила Цеца.

Речиси веднаш дел од публиката ѝ замерил на Александра за ваквиот настап.

„Е баш е змија“ – е само еден од бројните поделени коментари со кои пејачката сега се соочува на социјалните мрежи.

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....